m-banking by Stopanska banka vs mBanka Usage & Stats

M-banking сервисот на Стопанска банка е дел од i-bank платформата која претставува пакет на самоуслужни банкарски услуги. M-banking сервисот се користи со i-bank корисничкиот пристап и лозинка, односно истиот кориснички пристап и лозинка што се користат за најава и во e-banking сервисот на Стопанска банка. Доколку се уште не сте корисник на i-bank сервисот на Стопанска банка, бесплатен кориснички пристап може да побарате и веднаш да добиете во било која филијала на Банката. Притоа може да добиете пристап само за увид во банкарските сметки и производи или да добиете софтверски или хардверски токен за едноставни плаќања на банкарските услуги преку компјутер (e-banking) или паметен телефон и таблет (м-banking). Апликацијата е бесплатна и отворена за користење. М-banking апликацијата Стопанска банка ви ги овозможува следните услуги: • Пристап до Вашите сметки, состојбата и расположливите средства во секое време (преглед на состојба, промет за период, структура на картични трансакции, увид во извршените налози, напредно пребарување на налози и изводи и сл.) • Креирање на ПИН код за поедноставно и побрзо најавување без да се компромитира безбедноста на вашите финансиски информации • Најава со користење на биометриски податоци (отисок од прст и Face ID) • Можност за автентикација со софтверски токен • Користење на готови шаблони за брзи уплати на сопствени сметки, уплати за кредити и кредитни картички и други плаќања • Користење на готови шаблони за брзо плаќање на режиски трошоци • Извршување на налози за плаќање преку стандардните ПП30 и ПП50 обрасци • Извршување на девизни налози и конверзија на девизи помеѓу Вашите сметки • Пристап до информациите за личните банкарски производи, кредитни и дебитни картички, кредити, депозити, амортизациони планови, листа на уплати на кредити и сл. • Можност за “on-line“ аплицирање за кредитни и дебитни производи на Банката 24/7 • Калкулатори за пресметка на кредитните и депозитните производи на банката • Курсна листа со напреден преглед, меѓувалутен калкулатор, избор на курс и трендовски приказ на движењето на различни валути за период од 1, 3, 6 или 12 месеци наназад • Лоцирање на банкоматите и филијалите на Банката со можност за креирање на локациска рута, увид во работното време на филијалите и нивните контакт податоци, лоцирање на најпопуларните трговци на рати без камата интернет продажни места • Директен повик до 24/7 Контакт Центарот на Банката или поврзување со СБ преку FB, TW и другите социјални медиуми, како и следење на веб новостите на Стопанска банка. • Нотификациско сандаче за прием на корисни push и веб известувања • Пчелка – мобилно катче за најмладите со пристап до Боенка и едукативна игра “Пчелка“
  • Apple App Store
  • Free
  • Finance

Store Rank

- -

Три производи во еден! – мБанка за физички лица во себе ги обединува услугите кои можете да ги добиете при секојдневното користење на порталот на Банката, Web апликацијата на Интернет банката и генераторот на кодови за една употреба. Со оваа апликација, отсега во вашиот мобилен уред ќе имате сопствена подвижна виртуелна експозитура преку која на брз, удобен и пред се модерен начин, лесно ќе можете да дознаете нешто повеќе за нашите производи и услуги, да ги пронајдете најблиските единици на нашата деловна мрежа, најблиските банкомати, да остварите увид во вашите сметки, да плаќате и да вршите трансфери. Што е мБанка? Првото вистинско Мобилно банкарство какво што го очекувавте и посакувавте... Апликацијата е бесплатна за користење! - Доколку сте наш постоен корисник, без потреба од одење во Банката и склучување на нов договор, преку сајтот на Интернет банката најавете се, регистрирајте го вашиот мобилен уред и почнете да ја користите услугата веднаш! Со апликацијата може да се извршуваат следните трансакции: плаќања кон други физички лица или компании (ПП30), плаќање кон јавни институции (ПП50), плаќања на јавни услуги, префрлања средства на/од свои сметки или картички или штедни книшки. Нашиот пристап е отворен – Апликацијата можете да ја користите дури и доколку не сте наш корисник на Интернет банката. Пред да се одлучите да ја регистрирате и активирате, можете да ги користите јавно достапните услуги за нашите производи и услуги, геолокациските услуги за наоѓање на најблиска единица на нашата деловна мрежа и сл. За да го испробате пристапот до услугите за увид во состојбата на сметките и вршењето на плаќања и трансфери, употребете го демо корисникот. Удобноста не е луксуз – Во моментот, оваа апликација е единствена во нашата земја која нуди посебно прилагоден интерфејс за работа на таблети се со цел на оптимален начин да ја искористи површината на екранот и да Ви ги поедностави навигацијата и пристапот до услугите. На вас останува да одлучите дали во вашиот дом ќе го вклучите вашиот компјутер или ќе го употребите вашиот таблет. За Вас ги споивме сигурноста и едноставноста – Наместо да имате потреба од внесување на корисничко име и лозинка и дополнително да морате да го носите вашиот сигурносен токен или уред за генерирање на кодови за една употреба, пристапот до состојбата и прометот на вашите сметки како и вршењето на плаќањата и трансферите ќе го изведувате со PIN избран од ваша страна. Ве молиме да се придржувате на сигурносните препораки и апликацијата да не ја користите на сигурносно компромитиран мобилен уред на кој оригиналниот фабрички софтвер е заменет со софтвер од трета страна. Регистрација и активација Доколку сакате да ги следите состојбата, прометот и резервираните средства на Вашите сметки за успешна регистрација на Вашиот мобилен уред и активирање на апликацијата, треба да ги извршите следните 5 чекори: 1. При првата најава во мБанка, идентификувајте се со вашето постоечко име и лозинка со кое ги користите услугите на Web апликацијата на Интернет банката. 2. По успешната најава, ќе ви биде прикажан поглед на вашиот дигитален фотоапарат вграден во вашиот мобилен уред со помош на кој треба да го скенирате QR кодот 3. Најавете се во Web апликацијата на Интернет банката и во делот Моите уреди означете го вашиот мобилен уред и кликнете на копчето Активирај уред 4. Прикажаниот QR код скенирајте го со помош на дигиталниот фотоапарат вграден во вашиот уред 5. Изберете го вашиот PIN за најава во мБанката и потврдете го. Каде и да сте, отсега вашата Интернет банка верно ќе ве следи во секој ваш чекор. Ве молиме за евентуалните технички проблеми или нејаснотии да го контактирате нашиот центар за поддршка за Интернет банка: тел: 02 3296-800 (08:00 - 19:00 пон - пет, 08:00 - 15:00 сабота) E-mail: support@kb.com.mk
  • Apple App Store
  • Free
  • Finance

Store Rank

- -

m-banking by Stopanska banka vs. mBanka ranking comparison

Compare m-banking by Stopanska banka ranking trend in the past 28 days vs. mBanka

Rank

No Data Available

m-banking by Stopanska banka vs. mBanka ranking by country comparison

Compare m-banking by Stopanska banka ranking trend in the past 28 days vs. mBanka

No Data to Display

Compare to any site with our free trial

Get started
m-banking by Stopanska banka VS.
mBanka

January 5, 2025