Moj DDV vs NLB mKlik Makedonija Usage & Stats

Мој ДДВ - Апликација за поврат на ДДВ за граѓаните на Република Северна Македонија. Лесно скенирајте ги вашите фискални сметки за да добиете поврат на ДДВ од 20% за купените македонски добра и услуги односно 10% за останатите добра и услуги, од пресметаниот данок искажан во фискалната сметка. Оваа можност за поврат на дел од ДДВ-то е достапна за сите граѓани на Република Северна Македонија кои имаат наполнети 15 години, кои се регистрирани или ќе се регистрираат на системот на УЈП ujp.gov.mk. Апликацијата сега подржува два типа на баркод скенер: 1.Основен - Скенира само директно над кодот 2.Напреден - Оптимизиран за DataMatrix - High-Speed Scanning: Industrial Scanning Algorithm - Omni-directional scanning for 360 degrees - Скенирање под агол до 45 степени - Patterns recovery за оштетени кодови Промената на тип на баркод скенер се прави кај екранот за Профил. *** Проблеми со скенирање *** 1. Ако се отвара камерата ама на сите сметки се враќа на претходен екран и сметките ги нема во извештајот. -Пробајте да се префрлите на Основниот тип на Баркод скенер преку екранот за профил. 2. Апликацијата скенира некои сметки, а други не. -Најдобро се скенира кога сметката не е свиткана. Затоа поставете ја на маса и затегнете за да биде рамна. Обидете се 10 секунди да ја држите камерата насочена кон баркодот. На овој начин и сметки со малку оштетувања се скенираат. 3. Апликацијата не скенира сметки од Макпетрол -Сметките од Макпетрол се скенираат само со Напредниот тип на Баркод скенер. Само доколку не се оштетени. Основниот тип нема да ги скенира. ЧПП 1. Споро отворање на апликацијата и споро појавување на екранот за најава со ПИН -При отварање апликацијата пробува да воспостави интернет конекција до УЈП. Доколку интернет конекцијата не е стабилна може да се појави мало доцнење до појавување на екранот за најава со ПИН. 2. Некомпатибилен уред -Апликацијата може да се користи на уреди со iOS 10 и нагоре. 3. Логирање -Се користат емаил и лозинка од еПДД, за да се добие еПДД корисничкиот број. Ако сте ја заборавиле лозинката треба да ја ресетирате преку сајтот на еПДД. Се генерира пин само првиот пат а после истиот се користи за логирање. 4. Невалиден пин -Пинот кој може да се внесе е 4-цифрен број од 0000 до 9999. 5. Промена на пин -Ако сте го заборавиле пинот горе десно во менито имате опција за промена/внесување на нов пин. 6. Внесување на трансакциска сметка -Се внесува трансакциската сметка и лозинката од еПДД (не пинот) за потврда. Трансакциската сметка не е иста со број на дебитна/кредитна картичка. 7. Нема конекција до УЈП -Проверете дали имате активна интернет врска (3G, 4G, WiFi). 8. Скенирање -Кога ќе се отвори камерата не треба да има копче или да се слика, само треба да се позиционира над баркодот (било каде на екранот) за да ја прочита. 9. Оштетени сметки -Доколку сметката има повеќе од 10% оштетување (неисправен печатар, лоша хартија), апликацијата не може да ја прочита. Ако баркодот не може да се прочита таа сметка може да се внесе преку рачен внес во УЈП. 10. Од кој датум се валидни сметките за враќање на данокот -Сите фискални сметки со датум после 01.07.2019. 11. Сметки за струја и телефон -Сметките за комуналии не може да се скенираат
  • Apple App Store
  • Free
  • Finance

Store Rank

- -

NLB mKlik е мобилна апликација наменета за физички лица, корисници на услугите на НЛБ Банка, која овозможува преглед на различните продукти кои корисниците ги имаат во Банката како и извршување на различни видови на трансакции на едноставен и пред се безбеден начин во било кој период од денот. NLB mKlik апликацијата може да се користи со iOS верзија 12.0 или понова.   Можности на НЛБ мКлик апликацијата: · Преглед на состојба и промет на сите трансакциски сметки, депозити, картични и кредитни продукти. · Можност за плаќање на безготовински налози од денарски платен промет (ПП30/ПП50/ПП53) , девизни налози, плаќање на шаблони за режиски трошоци, интерни налози кон депозити по видување, брзи плаќања на обврски кон Банката за кредитни картички и кредити, конверзија од една во друга валута и сл. · Можност за Распоред на девизни приливи · Автоматско отворање на нова валута на трансакциска сметка во валута која корисникот ја нема, а врз основа на девизно плаќање или распоред на девизен прилив · Опција за креирање на нов налог со препраќање на постоечки налог (Swipe опција) · Можност за брзо плаќање на налог ПП30 врз основа на повикување контакт од телефонскиот именик за кој е асоцирана трансакциска сметка во Банката · Mожност за испраќање на барање за делење на сметка со корисник чиј контакт телефонски број го имаме во телефонскиот именик на телефонот · Можност за избирање на лимит група за трансакции согласно потребите на корисникот. · Можност за добивање на различни типови известувања од Банката (известувања за приливи и одливи од трансакциска сметка, девизни приливи, трансакции со платежни картички) и опција и за нивно подесување (вклучување/исклучување) по желба на корисникот · Експортирање на налози и образци во пдф формат и можност за нивно споделување преку различни канали достапни на мобилниот уред · Поголема безбедност при најава како и плаќање со дополнителна автентификација со пин или fingerprint при плаќање на денарски налози ПП30 и ПП50 и девизен налог · Можност за доспевање на една или повеќе рати од платежни картички · Можност за ажурирање на личните податоци за кои има законска обврска да се ажурираат на секои 5 години · Можност за работа со апликацијата на еден уред · Интерактивен локатор на Експозитури/Банкомати · Можност за поставување на лимит на картичка за трошење на Интeрнет, АТМ/Банкомат и продажно место/POS · Преглед на курсна листа · Можност за контакт со банката преку телефон или e-mail · Можност за отворање на Трансакциска сметка во Банката · Можност за online аплиацирање за кредити · Превземање на извештај за надоместоци од платежна сметка · Користење на мобилната апликација како средство за автентикација/ најава на  Интернет банкарство - НЛБ Клик согласно доделената  привилегијата кои ја имаат клиентите за работа на НЛБ Клик   Начин на пријава на мКлик апликацијата:
                 За да може да се користи апликацијата потребно е на иницијалниот екран да се одбере Најава на мКлик и потоа да се одбере една од понудените опции во зависност дали сте корисник на НЛБ Клик електронското банкарство на НЛБ Банка. Во зависност од избраната опција, корисникот пополнува соодветни податоци. Доколку корисникот нема соодветен кориснички пакет, на следниот чекор корисникот потребно е да избере пакет со кој се дефинираат привилегиите на апликацијата (преглед или плаќање) согласно неговите потреби. На следниот чекор корисникот добива смс порака со активациски код за активирање на апликацијата и екран на кој креира личен пин кој ќе го користи за најава на апликацијата.                      Сигурност на НЛБ мКлик апликацијата: 
                      • Апликацијата е заштитена од копирање и инсталирање на други телефони
                        • Апликацијата се исклучува автоматски по неколку минути некористење.
                       • Апликацијата се заклучува автоматски по внесени 3 погрешни m-PIN кодови.
                       • Податоците за сметките на корисникот и m-PIN кодот не се чуваат на мобилниот уред
  • Apple App Store
  • Free
  • Finance

Store Rank

- -

Moj DDV vs. NLB mKlik Makedonija ranking comparison

Compare Moj DDV ranking trend in the past 28 days vs. NLB mKlik Makedonija

Rank

No Data Available

Moj DDV vs. NLB mKlik Makedonija ranking by country comparison

Compare Moj DDV ranking trend in the past 28 days vs. NLB mKlik Makedonija

All categories

No Data Available

Finance

App
Top Country
Rank
- -
- -
#200

Compare to any site with our free trial

Get started
Moj DDV VS.
NLB mKlik Makedonija

January 6, 2025