Telekom MK vs mBanka Usage & Stats
Telekom MK ви ги нуди сите информации за вашата искористеност на интернет, минути, роаминг и SMS на вашите мобилни броеви, воедно е најдобрата алатка за едноставно и лесно следење на сите ваши фиксни и мобилни услуги на едно место. Дополнително, Telekom MK ви нуди најбрз и најбезбеден начин да ги платите вашите сметки и да надополните припејд ваучер. Управувајте со вашите и услугите на вашите најблиски насекаде во секое време.
Што нуди Telekom MK?
1. Едноставно следете ја потрошувачката – сѐ на почетниот екран
• Проверете во секое време колку минути имате потрошено и колку преостануваат
• Имајте преглед на потрошувачката на мобилен интернет брзо и едноставно
• Следете повеќе додадени услуги: управувајте со услугите на вашите најблиски преку додавање на нивните проеви на вашиот профил
• Dark mode тема на апликацијата: персонализирајте го изгледот на апликацијата според вашите преференци и лични потреби
2. Управувајте со повеќе услуги на едно место
• Управувајте со сите услуги со едноставен преглед: разговори, SMS, роаминг, интернет пакети и фиксни услуги
• Управувајте со додадени броеви од вашите најблиски
• Додадете нови броеви на вашиот профил едноставно и брзо
3. Имајте преглед на деталите за услугите и активации на дополнителни пакети
• Добивајте известување за месечните сметки и нивниот статус
• Купете дополнителни пакети за разговори, SMS, роаминг и интернет
4. Платете ги вашите сметки или сметките на други со внесување на бројот на фактурата или со скенирање на баркодот на хартиената сметка.
• Детален преглед над сите ставки во вашиот месечен износ за плаќање
• Платете повеќе сметки одеднаш
• Платете електронски со кредитна или дебитна картичка
• Добивајте нотификации за навремено и редовно плаќање на сметките
• Проверете ги платените сметки од минатите месеци
5. Дополнување на припејд ваучер
• Уживајте во ексклузивните понуди само преку Telekom MK и бидете во тек со останатите понуди
• Надополнете го вашиот припејд ваучер или на друг Телеком број
• Едноставно активирајте дополнителни пакети
6. Помош и поддршка
• Виртуелен асистент (chatbot) кој ќе ви помогне да дојдете сами до бараните податоци или контактирате со корисничка поддршка преку chat
• Добијте одговори на често поставените прашања во секцијата за Помош и поддршка
• Пријавете можни пречки во користењето на Телеком услугите, детектирајте ги и решете ги во најбрз можен рок преку опцијата Виртуелен техничар
• Следете ја состојбата на пријавените пречки во користењето на Телеком услугите и дознајте веднаш штом истите се отстранети
Aplikacioni i përmirësuar celular Telekom MK ju ofron të gjitha informacionet e shfrytëzimit të internetit, minutave, roaming dhe SMS në numrat tuaj celular, si dhe njëkohësisht, ai është mjeti më i mirë për monitorimin e thjeshtë dhe të lehtë të të gjitha shërbimeve tuaja fikse dhe mobile në një vend. Për më tepër, Telekom MK ju ofron mënyrën më të shpejtë dhe të sigurt për të paguar faturat dhe rimbushjen e numrit tuaj pripejd.
Menaxhoni shërbimet tuaja dhe shërbimet e miqve tuaj më të afërt dhe anëtarëve të familjes kudo dhe në çdo kohë.
The improved mobile application Telekom MK offers you all the new information on your internet, minutes, roaming and SMS usage on your mobile numbers, and concurrently, it is the best tool for simple and easy monitoring all your fixed and mobile services in one place. In addition, Telekom MK offers you the fastest and safest way to pay your bills and top-up your prepaid voucher. Manage your services and the services of your closest friends and family members anywhere and anytime.
- Apple App Store
- Free
- Business
Store Rank
- -
Три производи во еден! – мБанка за физички лица во себе ги обединува услугите кои можете да ги добиете при секојдневното користење на порталот на Банката, Web апликацијата на Интернет банката и генераторот на кодови за една употреба. Со оваа апликација, отсега во вашиот мобилен уред ќе имате сопствена подвижна виртуелна експозитура преку која на брз, удобен и пред се модерен начин, лесно ќе можете да дознаете нешто повеќе за нашите производи и услуги, да ги пронајдете најблиските единици на нашата деловна мрежа, најблиските банкомати, да остварите увид во вашите сметки, да плаќате и да вршите трансфери.
Што е мБанка?
Првото вистинско Мобилно банкарство какво што го очекувавте и посакувавте...
Апликацијата е бесплатна за користење! - Доколку сте наш постоен корисник, без потреба од одење во Банката и склучување на нов договор, преку сајтот на Интернет банката најавете се, регистрирајте го вашиот мобилен уред и почнете да ја користите услугата веднаш!
Со апликацијата може да се извршуваат следните трансакции: плаќања кон други физички лица или компании (ПП30), плаќање кон јавни институции (ПП50), плаќања на јавни услуги, префрлања средства на/од свои сметки или картички или штедни книшки.
Нашиот пристап е отворен – Апликацијата можете да ја користите дури и доколку не сте наш корисник на Интернет банката. Пред да се одлучите да ја регистрирате и активирате, можете да ги користите јавно достапните услуги за нашите производи и услуги, геолокациските услуги за наоѓање на најблиска единица на нашата деловна мрежа и сл. За да го испробате пристапот до услугите за увид во состојбата на сметките и вршењето на плаќања и трансфери, употребете го демо корисникот.
Удобноста не е луксуз – Во моментот, оваа апликација е единствена во нашата земја која нуди посебно прилагоден интерфејс за работа на таблети се со цел на оптимален начин да ја искористи површината на екранот и да Ви ги поедностави навигацијата и пристапот до услугите. На вас останува да одлучите дали во вашиот дом ќе го вклучите вашиот компјутер или ќе го употребите вашиот таблет.
За Вас ги споивме сигурноста и едноставноста – Наместо да имате потреба од внесување на корисничко име и лозинка и дополнително да морате да го носите вашиот сигурносен токен или уред за генерирање на кодови за една употреба, пристапот до состојбата и прометот на вашите сметки како и вршењето на плаќањата и трансферите ќе го изведувате со PIN избран од ваша страна.
Ве молиме да се придржувате на сигурносните препораки и апликацијата да не ја користите на сигурносно компромитиран мобилен уред на кој оригиналниот фабрички софтвер е заменет со софтвер од трета страна.
Регистрација и активација
Доколку сакате да ги следите состојбата, прометот и резервираните средства на Вашите сметки за успешна регистрација на Вашиот мобилен уред и активирање на апликацијата, треба да ги извршите следните 5 чекори:
1. При првата најава во мБанка, идентификувајте се со вашето постоечко име и лозинка со кое ги користите услугите на Web апликацијата на Интернет банката.
2. По успешната најава, ќе ви биде прикажан поглед на вашиот дигитален фотоапарат вграден во вашиот мобилен уред со помош на кој треба да го скенирате QR кодот
3. Најавете се во Web апликацијата на Интернет банката и во делот Моите уреди означете го вашиот мобилен уред и кликнете на копчето Активирај уред
4. Прикажаниот QR код скенирајте го со помош на дигиталниот фотоапарат вграден во вашиот уред
5. Изберете го вашиот PIN за најава во мБанката и потврдете го.
Каде и да сте, отсега вашата Интернет банка верно ќе ве следи во секој ваш чекор.
Ве молиме за евентуалните технички проблеми или нејаснотии да го контактирате нашиот центар за поддршка за Интернет банка:
тел: 02 3296-800
(08:00 - 19:00 пон - пет, 08:00 - 15:00 сабота)
E-mail: support@kb.com.mk
- Apple App Store
- Free
- Finance
Store Rank
- -
Telekom MK vs. mBanka ranking comparison
Compare Telekom MK ranking trend in the past 28 days vs. mBanka
Telekom MK#133
Rank
Telekom MK vs. mBanka ranking by country comparison
Compare Telekom MK ranking trend in the past 28 days vs. mBanka
All categories
No Data Available
Business
Compare to any site with our free trial
Telekom MK VS.
mBanka
January 1, 2025