- 首頁
- App 分析
- m-banking by Stopanska banka
- m-banking by Stopanska banka Vs. NLB mKlik Makedonija
m-banking by Stopanska banka 與 NLB mKlik Makedonija 使用情況與統計
M-banking сервисот на Стопанска банка е дел од i-bank платформата која претставува пакет на самоуслужни банкарски услуги.
M-banking сервисот се користи со i-bank корисничкиот пристап и лозинка, односно истиот кориснички пристап и лозинка што се користат за најава и во e-banking сервисот на Стопанска банка.
Доколку се уште не сте корисник на i-bank сервисот на Стопанска банка, бесплатен кориснички пристап може да побарате и веднаш да добиете во било која филијала на Банката. Притоа може да добиете пристап само за увид во банкарските сметки и производи или да добиете софтверски или хардверски токен за едноставни плаќања на банкарските услуги преку компјутер (e-banking) или паметен телефон и таблет (м-banking).
Апликацијата е бесплатна и отворена за користење.
М-banking апликацијата Стопанска банка ви ги овозможува следните услуги:
• Пристап до Вашите сметки, состојбата и расположливите средства во секое време (преглед на состојба, промет за период, структура на картични трансакции, увид во извршените налози, напредно пребарување на налози и изводи и сл.)
• Креирање на ПИН код за поедноставно и побрзо најавување без да се компромитира безбедноста на вашите финансиски информации
• Најава со користење на биометриски податоци (отисок од прст и Face ID)
• Можност за автентикација со софтверски токен
• Користење на готови шаблони за брзи уплати на сопствени сметки, уплати за кредити и кредитни картички и други плаќања
• Користење на готови шаблони за брзо плаќање на режиски трошоци
• Извршување на налози за плаќање преку стандардните ПП30 и ПП50 обрасци
• Извршување на девизни налози и конверзија на девизи помеѓу Вашите сметки
• Пристап до информациите за личните банкарски производи, кредитни и дебитни картички, кредити, депозити, амортизациони планови, листа на уплати на кредити и сл.
• Можност за “on-line“ аплицирање за кредитни и дебитни производи на Банката 24/7
• Калкулатори за пресметка на кредитните и депозитните производи на банката
• Курсна листа со напреден преглед, меѓувалутен калкулатор, избор на курс и трендовски приказ на движењето на различни валути за период од 1, 3, 6 или 12 месеци наназад
• Лоцирање на банкоматите и филијалите на Банката со можност за креирање на локациска рута, увид во работното време на филијалите и нивните контакт податоци, лоцирање на најпопуларните трговци на рати без камата интернет продажни места
• Директен повик до 24/7 Контакт Центарот на Банката или поврзување со СБ преку FB, TW и другите социјални медиуми, како и следење на веб новостите на Стопанска банка.
• Нотификациско сандаче за прием на корисни push и веб известувања
• Пчелка – мобилно катче за најмладите со пристап до Боенка и едукативна игра “Пчелка“
- Apple App Store
- 免費版
- 金融
商店排名
- -
NLB mKlik е мобилна апликација наменета за физички лица, корисници на услугите на НЛБ Банка, која овозможува преглед на различните продукти кои корисниците ги имаат во Банката како и извршување на различни видови на трансакции на едноставен и пред се безбеден начин во било кој период од денот. NLB mKlik апликацијата може да се користи со iOS верзија 12.0 или понова.
Можности на НЛБ мКлик апликацијата:
· Преглед на состојба и промет на сите трансакциски сметки, депозити, картични и кредитни продукти.
· Можност за плаќање на безготовински налози од денарски платен промет (ПП30/ПП50/ПП53) , девизни налози, плаќање на шаблони за режиски трошоци, интерни налози кон депозити по видување, брзи плаќања на обврски кон Банката за кредитни картички и кредити, конверзија од една во друга валута и сл.
· Можност за Распоред на девизни приливи
· Автоматско отворање на нова валута на трансакциска сметка во валута која корисникот ја нема, а врз основа на девизно плаќање или распоред на девизен прилив
· Опција за креирање на нов налог со препраќање на постоечки налог (Swipe опција)
· Можност за брзо плаќање на налог ПП30 врз основа на повикување контакт од телефонскиот именик за кој е асоцирана трансакциска сметка во Банката
· Mожност за испраќање на барање за делење на сметка со корисник чиј контакт телефонски број го имаме во телефонскиот именик на телефонот
· Можност за избирање на лимит група за трансакции согласно потребите на корисникот.
· Можност за добивање на различни типови известувања од Банката (известувања за приливи и одливи од трансакциска сметка, девизни приливи, трансакции со платежни картички) и опција и за нивно подесување (вклучување/исклучување) по желба на корисникот
· Експортирање на налози и образци во пдф формат и можност за нивно споделување преку различни канали достапни на мобилниот уред
· Поголема безбедност при најава како и плаќање со дополнителна автентификација со пин или fingerprint при плаќање на денарски налози ПП30 и ПП50 и девизен налог
· Можност за доспевање на една или повеќе рати од платежни картички
· Можност за ажурирање на личните податоци за кои има законска обврска да се ажурираат на секои 5 години
· Можност за работа со апликацијата на еден уред
· Интерактивен локатор на Експозитури/Банкомати
· Можност за поставување на лимит на картичка за трошење на Интeрнет, АТМ/Банкомат и продажно место/POS
· Преглед на курсна листа
· Можност за контакт со банката преку телефон или e-mail
· Можност за отворање на Трансакциска сметка во Банката
· Можност за online аплиацирање за кредити
· Превземање на извештај за надоместоци од платежна сметка
· Користење на мобилната апликација како средство за автентикација/ најава на Интернет банкарство - НЛБ Клик согласно доделената привилегијата кои ја имаат клиентите за работа на НЛБ Клик
Начин на пријава на мКлик апликацијата:
За да може да се користи апликацијата потребно е на иницијалниот екран да се одбере Најава на мКлик и потоа да се одбере една од понудените опции во зависност дали сте корисник на НЛБ Клик електронското банкарство на НЛБ Банка. Во зависност од избраната опција, корисникот пополнува соодветни податоци. Доколку корисникот нема соодветен кориснички пакет, на следниот чекор корисникот потребно е да избере пакет со кој се дефинираат привилегиите на апликацијата (преглед или плаќање) согласно неговите потреби. На следниот чекор корисникот добива смс порака со активациски код за активирање на апликацијата и екран на кој креира личен пин кој ќе го користи за најава на апликацијата.
Сигурност на НЛБ мКлик апликацијата:
• Апликацијата е заштитена од копирање и инсталирање на други телефони
• Апликацијата се исклучува автоматски по неколку минути некористење.
• Апликацијата се заклучува автоматски по внесени 3 погрешни m-PIN кодови.
• Податоците за сметките на корисникот и m-PIN кодот не се чуваат на мобилниот уред
- Apple App Store
- 免費版
- 金融
商店排名
- -
m-banking by Stopanska banka與 NLB mKlik Makedonija 比較排名
比較過去 28 天的 m-banking by Stopanska banka 排名趨勢與 NLB mKlik Makedonija
排名
無可用數據
各國 m-banking by Stopanska banka vs. NLB mKlik Makedonija 排名比較
比較過去 28 天的 m-banking by Stopanska banka 排名趨勢與 NLB mKlik Makedonija
所有類別
無可用數據
金融
使用我們的免費試用版,與所有網站進行比較
m-banking by Stopanska banka VS.
NLB mKlik Makedonija
1月 6, 2025